Десетици повредени во пукотница на забава во Тексас

полиција САД/ Фото: МИА

Десет лица биле застрелани на забава во градот Далас во американската сојузна држава Тексас, а уште неколку се повредени при обидот да побегнат, соопшти денеска полицијата.

Според соопштението, едно лице е во тешка состојба по пукањето што се случи доцна во саботата во „Спејс Далас“ (простор наменет за забави), пренесува агенцијата АП.

Девет други лица биле однесени во болниците во стабилна состојба, а неутврден број луѓе биле повредени додека се обидувале да избегаат од пукањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот