Денеска во Градски парк изложба на нерасни кучиња

Фото: ЈП „Лајка„

На Школка во Градски парк денеска од 11 до 15 часот ќе се одржи изложба за нерасни кучиња по повод светскиот ден на животните и 3-тиот роденден на ЈП „Лајка“.

На изложбата се пријавени 70-тина вдомени кучиња од сите големини, форми и карактери. Мотото на настанот е „Вдоми не купувај“, а целта е споделување на успешни приказни со вдомени кучиња.

Преку овој настан сакаме да покажеме дека секое куче е убаво без оглед на неговата раса, да поттикнеме одговорно сопствеништво, да покажеме дека сите кучиња се убави и дека богатството кое го носи секое куче во себе може да биде голем плус во секое семејство и во секој дом, соопштија од ЈП Лајка.

Кучињата ќе се натпреваруваат во десет категории и за секоја категорија ќе има прво, второ и трето место за кои ќе поделиме вредни награди од спонзорите на овој настан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот