Денеска се регистрирани 54 нови случаи на ковид-19

Амбулантно возило / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 3764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на ковид-19: Скопје – 16, Тетово – 9, Битола и Дебар – по 6, Куманово – 5, Кочани – 3, Гостивар и Струмица – по 2, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Радовиш и Валандово – по 1.

Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Тетово – 3, Кочани и Гостивар – по 1.

Не се регистрирани починати пациенти.

Направени се 3764 тестови преку: ИЈЗ-108, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-49, ЦЈЗ Прилеп-46, ЦЈЗ Тетово–21, ЦЈЗ Куманово–27, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-11, Институт за микробиологија–21, Жан Митрев (Филип Втори)-37, Авицена-165, Биотек-144, Систина-86, лабораторија Лаор-410, Синлаб-27, Ремедика-19, Плодност–24, Генеа–3, Никоб лаб-743, ВФВ Медикал-35, Ели Медика-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.714.

Досега во земјата се направени вкупно 966 813 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.225 бројката на оздравени пациенти е 150 333, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 401.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот