Денеска е Светски ден на пуканките: Најинтересни факти за омилените грицки

Пуканки и телевизија/Profimedia
Фото: Alamy/Alamy/ Profimedia

Киносалите ширум светот на 19 јануари го одбележуваат Светскиот ден на пуканките, омилените грицки коишто Колумбо им ги претставил на Европејците кон крајот на 15 век, а некои индијански племиња ги сметале за чувари на духовите.

Постои доказ дека луѓето уживале во пуканките од многу одамна – во 1948 година во една пештера во Ново Мексико биле откриени „никнати“ зрна пченка стари дури 5.000. Наводно, според некои сознанија, Индијанците Вампаноаг биле првите што им донеле пуканки на колонистите за првиот Денот на благодарноста во Америка, а се верува дека Кристофер Колумбо на Европејците им ги претставил пуканките кон крајот на 15 век. Првите пуканки се направени токму како што ги подготвуваме дома денес, околу 1880 година, а првата машина за правење пуканки ја измислил Чарлс Креторс, во Чикаго, во 1885 година.

Интересни факти за пуканки:

– Пуканките прво биле забранети во киносалите. Кога уличните продавачи нуделе пуканки пред киносалите, сопствениците на киносалите на почетокот се лутеле, бидејќи мислеле дека пуканките ќе им го одвлечат вниманието на луѓето од филмот.

– Се верува дека племето на Индијанците Вампаноаг ги запознало американските колонизатори со пуканки.

–  Индијанските племиња особено ги сакале пуканките, некои дури од нив правеле украси за глава и ги ставале во супи, додека другите племиња верувале дека во секое зрно пченка за пуканки се наоѓа дух кој инаку не ги вознемирува луѓето, но ако неговиот дом, зрно пченка, премногу се загрее, духот станува сѐ поналутен додека конечно не никне како пуканки.

– Кристофер Колумбо донел пуканки во Европа на крајот на 15 век.

– Првата машина за правење пуканки во големи размери ја измислил Чарлс Креторс во Чикаго далечната 1885 година. Компанијата што тој ја основал работи и денес и сè уште произведува машини за пуканки.

– Пуканките имаат повеќе протеини од другите житарки. Исто така, имаат повеќе железо од јајцата.

– Американците секоја година јадат околу 17 милијарди кг пуканки. Оваа количина би го наполнила Емпаер стејт билдинг 18 пати.

– Зрно пуканка може да скокне до 90 см во воздух.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот