
Денес е Меѓународен ден на левораките: Леонардо да Винчи, принцот Вилијам и Џими Хендрикс ја користеле претежно левата рака
Меѓународниот ден на левораките, кој се слави денес, 13 август, им оддава почит на „леваците“ кои често биле угнетувани поради нивната вродена навика да ја користат почесто левата рака во секојдневните обврски и активности. Во старите традиции, употребата на левата рака се сметала за „зло“. Работата со левата рака порано се поврзувала со окултни сили: ѓаволско, корумпирано, за разлика од десната, која била симбол на чистина и правда.
Препорачано
View this post on Instagram
Иако времињата се променија, левораките сè уште се стигматизирани, а светот сè уште е прилагоден исклучиво на деснораките. Во некои училишта, наставниците ги охрабруваат децата да пишуваат со десната рака. Кога ги извршуваа секојдневните активности, дури и користењето на наједноставните алатки, како што се ножиците или отворачите, им создаваат проблеми на левораките . Но, со оглед дека овој ден им е посветен, наравивме список на познати личности кои се левораки.
View this post on Instagram
Првиот на списокот е „со сина крв“, а станува збор за принцот Вилијам, професионален војник, кој е татко на малиот принц Џорџ, за кого се уште не е познато дали ќе го држи скептарот во левата или десната рака .
На второ место е филмската легенда Чарли Чаплин, кој со левата рака мајсторски умееше да го врти стапот. Фактот дека тој бил левак не го спречил да биде еден од најголемите комичари на сите времиња.
View this post on Instagram
Славната слика „Мона Лиза“ била насликана со левата рака на познатиот ренесансен мајстор и генијалец Леонардо да Винчи. Но, не само таа слика, туку и „Тајната вечера“, како и многу други ремек – дела на познатиот сликар.
View this post on Instagram
Леворак исто така бил и еден од најголемите гитаристи во историјата на рокенролот – Џими Хендрикс, кој со лева рака ја отсвирил американската химна на Вудсток во 1968 година.
View this post on Instagram
Еден од светски познатите левичари е и шпанскиот тениски ас, Рафаел Надал, кој со своите успеси потврдува дека левораките имаат свое место во спортот.
View this post on Instagram
А дека левораките можат да станат милијардери е доказ основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс .
View this post on Instagram
Меѓу останатите славни левораки личности се актерката Скарлет Јохансон , пејачката Лејди Гага и поранешниот американски претседател Барак Обама .