Демократскиот сојуз ги повика надлежните институции навреме да го средат избирачкиот список

Избори / Фото: ,,Слободен печат''- Драган Митрески

Демократскиот сојуз ги повика сите државни институции навреме да го средат избирачкиот список, односно, како што велат, да се прочисти од „фиктивни гласачи“.

Во оваа насока посебно ја нагласуваме одговорноста на Државната изборна комисија, како и на Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда. Прочистувањето на избирачкиот список од можни фантомски гласачи, потоа од гласачи кои се иселиле од Македонија односно немаат постојано живеалиште во државата, како и од сите оние кои го изгубиле законскиот основ да бидат на избирачкиот список е законска обврска на ДИК – порачаа од партијата.

Тие додаваат дека согласно објавените резултати од пописот во 2021 година вкупниот број на население во Македонија изнесува 1.836.713, додека на избирачкиот список се запишани 1.824.864 гласачи

Нелогичностите се очигледни и ако се додадат и над 260 илјади државјани на Македонија кои живеат во странство, велат од ДС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот