Демири: Мора да се намалат лажните вести во јавноста поврзани со вакцините

Илир Демири - министер за здраство /Фото: "Слободен печат"/Драган Митрески

 

Mедиумите и здравствените работници, треба да ги здружат силите за заштита на децата, односно да се намалат лажните вести во јавноста поврзани со вакцините, истакна министерот за здравство Илир Демири во вечерашното гостување во вестите на телевизија Сител.

Јас како инфектолог тврдам дека најголемо достигнување во здравството не само во Република Северна Македонија туку на светско ниво е вакцинацијата. Само ќе направам една компарација кога е воведена за прв пат вакцината за пертусис (голема кашлица) во 1955 година до 1959 година имало отприлика околу 13.800 заболени и за жал 100 мали деца завршиле со смртен исход. Вакцинацијата опаѓа во 2022 година кога стапката на вакцинација со ДиТеПер била некаде околу 98%, во 2023 година опаднала уште повеќе и е 83,9%. За да се смета дека има колективен имунитете, преференциите и таргетот е над 95% да има опфатеност на вакцинација кај деца, објасни министерот Демири.

До 8 февруари, Институтот за јавно здравје регистрира вкупно 22 случаи на голема кашлица. Тоа е повеќе од двојно зголемување на бројот на заболени, во однос на минатиот петгодишен период кога се регистрирани вкупно девет случаи. М Демири истакна дека Министерството за здравство има обезбедено околу 356 милиони денари за програмата за вакцинација, во која се опфатени редовно снабдување со вакцини, резервни вакцини и имуноглобулини.

Програмата за вакцинација има предвидено и кампања за сензибилизација на свесноста и добро информирање на сите граѓани колку е битно да се вакцинира едно дете, оти на крајот на краиштата пертусис е вакцино-превентвно заблоување, ако се вакцинира нема да се разболи. Треба едукација секое дете кое не вакцинирано прво да се вакцинира, а потоа да оди во градинка или училиште – рече Демири.

Министерот истакна дека би се заложил, вакцинацијата да биде задолжителна за секој еден вработен во здравствениот сектор-сестри, лекари, посебно оние здравствени работници кои работат со имунокомпромитирани пациенти.

Не може на Инфективна клиника да работи персонал кој што не е вакциниран, истакна министерот за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот