Дел од улица „Бутелска” утре без вода

Дел од жителите на улица „Бутелска” во текот на утрешниот ден ќе има прекинато водоснабдување поради дефект на затворач ф-100 милиметри, известуваат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација” Скопје.

Ве известуваме дека на ден 04.01.2023 поради дефект на затворач ф-100 милиметри на улица „Бутелска” бб (во близина на расадникот Радишани), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улица „Бутелска” – парните краци 2, 4 и 6 и непарните од број 1 до 21, велат од претпријатието.

Оттаму информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот