Дел од албанските опозицски демократи наместо обединување, решија да формираат нова партија

Архива на СП

Албанските опозициски демократи кои минуваат низ најдлабоката криза во тридецениското партиско постоење, наместо обединување, за што сите повикуваат навлегуваат во уште поголема поделеност.

Дел од членството предводено од пратеникот Агрон Шехај ја напушта партијата најавувајќи формирање нов политички субјект бидејќи, како што велат, на „Албанија и треба вистинска алтернатива и политичари од доверба“.

Шехај, кој ќе ја предводи партијата, чие име сеуште не го соопштува, во емисијата „Слободна зона“ на ABCNews.al рече дека должност на политичарот е да ги слуша проблемите на граѓаните, додавајќи дека „она што најмногу им пречи на Албанците е немањето можности во нивната земја“.

-Не можам да зборувам за каква било цена за победата на слободата. Што ќе правам јас? Ќе го направам тоа што мислам дека треба да се направи, дека на Албанија и треба политичка сила, и треба вистинска алтернатива. Мислам дека алтернативата мора да биде доверлива, мора да има сигурни политичари, граѓаните, гласачите мора да се слушаат, тоа е должност на политичарот. Мора да најдеме начини на секој граѓанин да му го дадеме она што мислам дека му недостига, вели тој.

Според него најголемиот проблем и решението што го сакаат граѓаните е нивната економска состојба, затоа е потребен нов пристап во овој поглед.

-Она што ги мачи Албанците, во најголем дел, е немањето можности, немаат можности во сопствената земја, што условува и нивно масовно заминување, нагласи тој.

Ова не е прв случај на напуштање на партијата и формирање нов политички субјект. Претходно тоа го направи и поранешниот албански претседател, Бамир Топи, по завршувањето на петгодишниот мандат, во 2012 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот