Дејан Пецаковски потпиша нов договор со РК Тинекс Пролет

фото: rkprolet.mk

Тинекс Пролет задржа уште еден значаен ракометар во своите редови откако денеска беше потпишан нов договор со Дејан Пецаковски.

Долгогодишниот репрезентативец на Македонија му се приклучи на Тинекс Пролет во јуни 2020 година и оттогаш е значаен првотимец во клубот, наметнувајќи се како командант во одбраната во последните неколку сезони.

Искуството, цврстината и квалитетот беа доволна препорака дека овој 37-годишен ракометар и натаму може да игра на високо ниво, по што беше најден заеднички јазик за продолжување на меѓусебната соработка.

Со задржувањето на Пецаковски, како и со потпишаните договори со засилувањата Арсеновски и Николовски, станува јасно дека цврстата одбрана ќе биде заштитен знак на тимот и во новата натпреварувачка сезона, во која Тинекс Пролет повторно ќе атакува на висок пласман.

За потсетување, покрај трансферите на Арсеновски и на Николовски, Тинекс Пролет успеа да ги задржи клучните играчи од ланската сезона, потпишувајќи нови договори со голманите Михаљевиќ и Петковски, кои бранеа одлично во изминатиот период, како и со најдобриот стрелец Давор Палевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот