Децата со попреченост ослободени од плаќање за градинка во општина Бутел

Фото: Општина Бутел

Советот на Општина Бутел донесе одлука според која децата со попреченост се ослободуваат од плаќање партиципација за користење на услугите на градинките. Одлуката е изгласана по предлог на градоначалникот Дарко Костовски, а со неа се опфатени децата кои имаат наод или мислење од стручна установа или специјалист.

 Соочувајќи се со енормните поскапувања, зголемените сметки и зголемените трошоци за живот, Општина Бутел носи нова мерка со која директно финансиски се помагаат родителите. Ова е уште една од низата мерки со која директно се помага на родителите – соопшти Костовски.

Според него, Општината со низа проекти се обидува да ги ублажи ефектите од огромната финансиска криза во која се наоѓаат граѓаните на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот