Давидовски по трофејот на Монца: Кога си во иста секунда со противникот…

Фото: Media Pssracing Team

Македонскиот возач Виктор Давидовски ја привршува својата шеста сезона во најсилното европско натпреварување за автомобили на кружни патеки, а токму на легендарната патека Монца успеа да го освои првиот трофеј оваа сезона.

Претходно, Давидовски имаше ситуација да се бори за високи пласмани на трките во Алгарве (Португалија) и По (Франција), но еднаш беше удрен од ривал, а потоа имаше и дефект. Откако имаше голем судир на Хунгароринг (Унгарија), повторно доби шанса на втората трка возена на Пол Рикар (Франција), но и покрај тоа што водеше во трката, автомобилот ги изневери неговите очекувања.

По многуте викенди со технички проблеми, судири и разни малери, задоволен сум што успеав да го реализирам потенцијалот со освојување на трофејот за третото место во првата трка. За неколку илјадити делови од секундата загубив дури две стартни позиции, откако поголемиот дел од квалификациите ги минав со најдобро време, но клубската политика е таква што податоците за штелувањата се достапни за сите, па тимските колеги можеа да го видат мојот сет ап. Не сакав да преземам многу ризици бидејќи овој подиум во Монца навистина го посакував, па само се грижев да го чувам Коронел зад мене во првата трка, но и тој возеше мудро со оглед на тоа што се бори за шампионската титула. Да се биде во иста секунда со победникот доволно кажува како податок.

Во втората трка Давидовски наместо од четвртото место стартуваше од седмата позиција, но сите возачи беа во една голема група и немаше големи разлики меѓу нив.

Искрено, очекував повеќе од втората трка, но втората половина возев со вклучен аларм за можен дефект на ладилникот и не бев во ситуација да притискам како во првата. Механичарите ќе имаат работа да проверат дали се е во ред со моторот и дали ќе имам потреба од нов за идната трка, што би можело да ми донесе казна на стартот во Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот