Данска преку НАТО понуди 800 војници во балтичките земји

Дански војници/Фото: EPA-EFE/HENNING BAGGER DENMARK OUT

Данска најави дека на НАТО ќе му стави на располагање баталјон од 800 војници како можно засилување во балтичките земји поради руската закана. Нордиската земја веќе испрати околу 200 луѓе и борбени авиони во Естонија и Литванија и фрегата во источниот дел на Балтичкото Море.

– Веќе сме многу присутни на теренот, но подготвени сме да направиме повеќе, рече премиерката Мете Фредериксен на прес-конференција.

„Затоа владата ќе предложи испраќање баталјон со околу 800 војници во балтичките земји”, рече таа на конференцијата посветена на данската помош во украинската криза.

Баталјонот е веќе во готовност за да може да биде испратен во случај на потреба.

– НАТО треба да поднесе официјално барање за да може Данска да ги испрати тие војници на терен, додаде премиерката.

Фредриксен ќе престојува во Естонија, Летонија и Литванија в среда и четврток, каде со претседателите на данските партии ќе ги посети данските трупи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот