Данска ќе ѝ испрати на Украина „Ф-16“-ки, ама не без да го праша Вашингтон

Борбен авион Ф-16 / Фото: EPA-EFE/GRZEGORZ MICHALOWSKI

Вршителот на должноста министер за одбрана на Данска, Троелс Лунд Поулсен, денеска изјави дека Копенхаген може да ѝ донира борбени авиони „Ф-16“ на Украина, но само доколку тоа го одобри Вашингтон.

„На Украина ѝ се потребни авиони, повеќе од кога било досега, ако сака да ја добие битката. Ова важи и за данските борбени авиони Ф-16“, рече Поулсен.

Данска има 43 авиони „Ф-16“, од кои 30 се активни. Земјата активно ја заменува флотата со помодерни ловци „Ф-35“, исто така од американско производство.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина, властите во Киев постојано, но со различен успех, се обидуваат да ги убедат западните сојузници да им помогнат со испраќање на што е можно помодерно оружје и опрена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот