Даница Павловска: Општина Сарај да не се води од нејзин интерес, „Треска“ не е локален, туку градски проблем

Општина Сарај не смее спортско-рекреативниот центар „Треска“ да го третира како локален проблем, мора да постои оперативен план на работа, вели за Слободен печат архитектката Даница Павловска откако општинските власти започнаа со рушењето на објектите околу езерото Треска.

Фото: Слободен печат/Ристе Пејовски

– Било која интервенција на езерото Треска треба да е искординирана од повеќе субјекти. Општината не смее тоа да го третира како локален проблем, туку како градски проблем. Градот има ингеренции или ако нема, треба да ги добие за да се спречат вакви интервенции. Мора да се направи менаџмент план и проценка на самиот комплекс за да добие функционалност. Не може парцијално да се делува. Не може да се смета за расчистување тоа што ќе се срушат приколкиите, и зошто се почнува од приколките, дали има оперативен план? Да не дозволиме да се импровизира, не треба да се води општината од нејзиниот интерес, предупредува архитектката Даница Павловска.

Скопјанецот Игор со емотивно сеќавање за едни убави времиња: „Треска“ е дел од моето детство, жалосно е што се руши

Рокот за дислокација на камп приколките е до крај на февруари, сметам дека е разумен рок и има време сопствениците да одлучат што ќе прават со приколките. Ние имаме и јавно претпријатие, сопствениците на приколки можат и таму да се обратат. Шпекулации и невистини се кажувањата дека на локацијата ќе се гради болница или трговски центар. Рекреативниот центар ќе заживее повторно и граѓаните ќе имаат каде да се забавуваат, рече градоначалникот Блерим Беџети .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот