Дали војната во Украина беше искористена за драстично поскапување на храната?

украина
Фото: Pixabay

Индексот на потрошувачки цени (ИПК) излезе од контрола во Европа, бидејќи цените на некои основни прехранбени производи, како што се млекото и овошјето, пораснаа повеќе од кога било во текот на изминатата година, објави шпански Ел Паис.

Според тој дневник, литар млеко во супермаркет во Мадрид се продава за 90 центи, во Лондон за 92 центи, во Берлин за 1,05 евра, а во Париз за 1,54 евра.

Цената на килограм јаболка е меѓу 1,46 евра колку што е цената во Рим и 2,69 евра колку што е во Брисел. Во јануари хармонизираната стапка на раст на ИПК во Европската унија се искачи на 18,4 отсто на годишно ниво, а во дури 14 земји порастот е поголем, како што се, на пример, Германија со пораст од 20,5 отсто и Португалија, со 21,1 отсто; во другите земји порастот е над 10 отсто, како што се Шпанија со 15,5 отсто, Франција со 14,4 отсто и Италија со 12,6 отсто, што покажува дека зголемувањето на цените ја намали моќта на граѓаните и отвори дебата за тоа како да се справат со ситуацијата и дали некој од прехранбениот сектор го злоупотребува поскапувањето.

Експертите генерално се согласуваат дека порастот на цените е предизвикан од комбинација на повеќе фактори. Студијата на Универзитетот Ахрус од Данска наведува дека и покрај падот на цената на електричната енергија, цените на храната продолжуваат да растат во Европа, така што сега 52 отсто од потрошувачите посветуваат повеќе внимание на цените отколку пред пандемијата, а 31 отсто повеќе отколку во 2020 година; 54 отсто од потрошувачите веруваат дека војната е главната причина за скокот на цените, а 48 отсто се на мислење дека зголемувањето на трошоците е лошо распределено и дека конфликтот „им овозможи на дистрибутерите и производителите да остварат поголем профит“, пренесува Ел Паис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот