Туширање/ миење коса - Фото: pexels-karolina-grabowska

Дали ја миете косата секој ден? Еве зошто треба да престанете да го правите тоа

Многу жени ја мијат косата секој ден, што експертите не го препорачуваат. Оваа навика всушност може да направи повеќе штета отколку корист, па затоа треба да престанете да ја практикувате.

Емили Робертсон од „Мира Шоверс“ вели дека многу луѓе веруваат дека секојдневното миење е единствениот начин косата да изгледа чиста.

„Шампонот го лишува скалпот од неговите природни масла, а како одговор на тоа, скалпот произведува повеќе масло, создавајќи „маснен циклус“ кој е тешко да се прекине“, изјави таа.

Таа препорачува да го миете два до три пати неделно, а помеѓу нив да користите сув шампон. Исто така, треба да купите шампон без сулфати.

„Пречестото миење или користењето премногу јаки шампони може да ги иритира фоликулите и да придонесе за проретчување на косата“, рече таа.

Таа исто така потсети дека треба редовно да ги менувате крпите. Во спротивно, крпите стануваат плодна почва за бактерии и габи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот