Да не се фрлаат секојдневно една милијарда оброци, би се спречил гладот во светот

Во светот има 730 милиони гладни луѓе – истовремено, секој ден се фрлаат по повеќе од една милијарда оброци. Кога храната би можела да стигне до нив, на светот не би имало ниту еден гладен човек.

Шокантни податоци покажува Извештанот на Обединетите нации. Околу петтина од храната се фрла. Причините се расипување, лошо планирање или немање пристап до фрижидер или склад.

Најодговорни се домаќинствата – за околу 60% од милијардите тони храна што се фрлаат годишно. Но, и комерцијалните системи за храна, исто така, значително придонесуваат за отпадот, при што услугите за храна сочинуваат 28% од отпадот, а малопродажбата околу 12% во 2022 година, според најновите податоци.

Овие бројки исклучуваат дополнителни 13% од храната што се губи во синџирот на снабдување со храна, помеѓу производството и пазарот, често поради фрлање или расипување на храна за јадење.

Не само што овој отпад е губење на природни ресурси, туку во голема мера придонесува за кризата со климата и биолошката разновидност бидејќи сочинува речиси 10% од глобалните емисии на стакленички гасови. Ова го загрозува дивиот свет во областите каде што се практикува интензивно земјоделство, а повеќе од една четвртина од земјоделското земјиште во светот се користи за производство на храна која подоцна се фрла.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот