ЦУК на подготовки за Спасителната вежба Мрежичко 2021

Главен штаб за управување со кризи при ЦУК

 Во тек се подготовки за Спасителна вежба Мрежичко 2021 што треба да се одржи в недела кај кавадаречкото село Мрежичко.

-В.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов учествуваше на подготовските за вежбата, а е планирано и активно непосредно да учествува во дел од вежбата, што ќе почне в недела во 10.30 часот со почесен рапорт на Ангелов и поставување спасителен шатор, соопшти денеска ЦУК.

Дополнуваат дека добиле известување од Спелеолошка Федерација на Македонија Прилеп оти почнуваат да го реализираат најавеното за в недела да се изведува Спасителна вежба Мрежичко 2021 – спуштање и извлекување на повредени лица од непристапен терен и индустриски алпинизам.

-Активноста опфаќа користење на техниките на единечно јаже, традиционално користена при спелеолошки активности и спасувања во пештери и нејзина примена во урбана средина. Целта е увежбување на нашиот тим за подготвеност за спасување / извлекување лица од слични објекти (непристапни локации во урбана средина), за што техниките на единечно јаже се најсоодветни, наведуваат од ЦУК.

„Спасителна вежба Мрежичко 2021″ е дел од активностите на Спелеолошка Федерација на Македонија за подобрување на подготвеноста за спасување на лица од непристапни средини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот