Централната банка на Германија со предвидување: Економијата е пред голем пад во првиот квартал од 2021 година

Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Германската економија најверојатно ќе забележи пад во првиот квартал од оваа година поради мерките за ограничување на пандемијата, што сериозно притискаат врз услужниот сектор и ја забавуваат силната активност во градежништвото, соопшти денеска Централната банка на Германија.

– Економската активност, најверојатно, нагло ќе падне во првиот квартал од 2021 година, посебни во услужниот сектор, чиј бизнис се потпира на директен контакт со клиенти, се наведува во соопштението на Централната банка на Германија.

Под такви услови, продажбата на мало нагло падна, а дополнителна кочница беше стапката на повисок данок на додадена вредност (ДДВ), што веројатно придонесе за значителен пад на градежната активност во јануари, додаваат тие. Владата минатата година накратко ги намали стапките на ДДВ.

Индустриското производство, исто така, забави, посочуваат тие, а меѓу позитивните вести го посочуваат силниот прилив на нарачки и растот на извозот на стоки.

Исклучок, сепак, беше германскиот извоз на стоки во Велика Британија, кој потона за дури 25 проценти во јануари, првиот месец по излегувањето од Европската Унија.

Во извештајот од минатиот месец, Централната банка прогнозира закрепнување на економијата оваа пролет благодарение на падот на бројот на новозаразени и вакцинацијата на граѓаните.

Во последниот месечен извештај не се споменува вакцинацијата бидејќи доцни испораката на вакцини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот