Центар подели намирници на семејствата со висок социјален ризик

Денеска, пред управната зграда на ЈП ПОЦ, Градоначалникот Саша Богдановиќ ги подели пакетите со основни животни намирници на семејства со висок социјален ризик кои живеат на територијата на Општина Центар.

Пакетите кои се состојат од храна и средства за лична хигиена, веќе пет месеци во континуитет општината ги доделува на вкупно 150 семејства, кои секојдневно се справуваат со предизвикот како да го поминат денот и да се прехранат.

Проектот се реализира со поддршка на маркетите: Рамстор, Кам, Веро, Тинекс, Жито Маркети, Стокомак, Гранап и Кит Го, кои редовно ги обезбедуваат потребните намирници, а кои за своето општествено одговорно делување денеска добија благодарници, од Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Инаку, акцијата се спроведува во рамките на проектот „Нула Глад“ кој општината го реализира во соработка со невладината организација „Банка за Храна“. Проектот има за цел помош и поддршка на социјално загрозените семејства, а преку него општината дава свој придонес во справувањето со сиромаштијата и гладот.

Проектот „Нула Глад“ на Општина Центар и невладината организација „Банка за Храна“ продолжува да се реализира секој месец, до крајот на 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот