Царовска во посета на Универзитетот Тракија во Едрене

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска во Едрене како дел од официјалната посета на Република Турција, го посети Универзитетот „Тракија” кадешто имаше работна средба со профофесорот Ерхан Табакоглу и претставници на директоратот за образование. Една од главните теми за којашто разговараа министерката и ректорот била унапредувањето на соработката на овој Универзитет со нашите високо образовни институции, особено во делот на размената на студенти и научните дисциплини.

-Република Турција и Република Северна Македонија негуваат долгогодишни пријателски односи и меѓусебна соработка. Еден од сегментите кадешто можеме уште повеќе да ја зајакнеме соработката е токму високото образование, истакнала царовска на средбата.

На состанокот се разговарало и за отворање Технопарк во Северна Македонија. На овој начин, било нагласено, ќе се прошират можностите за студентска размена, мобилност на наставниот кадар и истражувања од взаемна важност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот