
Царовска: Пандемијата на Ковид-19 е шанса за побрзо осовременување на образованието
Пандемијата на Ковид-19, освен што предизвика проблеми, го забрза осовременувањето на образовните процеси, истакна министерката за образование и наука, Мила Царовска, во интервју за МЕТА.
Препорачано
– Ова е одлична шанса да согледаме зошто ни треба цврст образовен систем кој е во добра кондиција. Сигурна сум дека ќе ги исправиме грешките. Затоа наредниот пат кога ќе речеме дека треба да имаме дигитални алатки и во училница и треба да имаме пристап до интернет во секоја училница и секој наставник треба да знае да ги употребува истите, никој нема да праша зошто да го употребуваат, децата се сепак во училница. Тогаш сите ќе бидат свесни дека можеби ваква ситуација ќе дојде и следен пат и ние треба да сме подготвени. Така што ова дефинитивно ќе даде едно друго ниво на интензитет во осовременувањето на образовниот систем, појаснува Царовска.
Таа истакнува дека училиштата забрзано се подготвуваат за старт на учебната 2020/2021 година на 1 октомври, со комбиниран модел на настава.
За таа цел, подвлече Царовска, Министерството за образование и наука е во постојана координација со директорите на основните и на средните училишта и со градоначалниците, бидејќи со заедничка посветена работа ќе може да се реализира успешна учебна година.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
3час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5