ЦУК: Во текот на вчерашниот ден изгаснати се 18 пожари, еден е локализиран

Фото: ЦУК

Во текот на вчерашниот ден имало вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои 18 се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи. Од пожарите кои се изгаснати четири беа во кумановските села Романовце, Слупчани, Пчиња и Љубодраг, а два во селата Дебреште и Кошино во Општина Долнени.

Како што извести ЦУК, во текот на вчерашниот ден изгаснати се пожари и во село Радуша во Општина Сарај, на ул. ,,Скупи” во Општина Карпош, во парк шума Гази Баба во Општина Гази Баба, во село Трап во Општина Битола, во село Могиола во Општина Могила, во село Д.Бела Црква во Општина Ресен, во село Ораовица во Општина Радовиш, на местото Овчка Река во Општина Кавадарци, во село Росоман во Општина Росоман, во село Желино во Општина Желино, во село Крлански Мост во Општина Виница, како и во село Бериково во Општина Кичево.

Центарот за управување со кризи информира дека е локализиран пожарот во селата Соколарци и Жиганци во Општина Чешиново – Облешево, каде гори ниска вегетација нискостеблеста шума. Противпожарните екипи, авионите „ертрактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување и полициски хеликоптери на МВР, вчера доцна попладне, успеаја да го стават по контрола пожарот кај селото Соколарци во Општина Чешиново – Облешево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот