Планинар починал од инфаркт на Кораб

Фото: Facebook

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека утрово 60-годишен член на група од 18 планинари добил инфаркт и починал. Несреќата се случила додека групата се движела по планинска патека на повисоките делови од Кораб, на еден километар над полициската станица Стезимир.

Случајот го пријавил планинар кој дошол до полициската станица, зашто во таа област немало мобилно телефонско мрежно покривање.

„Покрената е спасителна акција. Но, за жал и на терен во планината со спасителната група од полицајци и планинари, а потоа и по прегледот од страна на лекарската екипа од Брза помош, е констатирано дека планинарот кој добил инфаркт веќе бил починат“, велат од ЦУК.

Едно возило со двајца полицајци биле до местото каде што патот бил прооден. Потоа, полицајците и групата продолжиле нагоре пеш за да се сретнат со планинарите, кои го извлекувале човекот кој добил инфаркт, за да помогнат и надолу да го пренесат до теренското возило, а потоа и до можно место за превоз со медицинско возило, односно да се сретнат со возилото на Брзата помош. Во меѓувреме била информирана Брзата помош од Гостивар што пратила едно возило, за да се добие во време и да се искористи проодноста на патот до каде може нивното возило да се движи. Но, за жал и при првиот контакт на терен во планината со спасителната група од полицајци и планинари и по прегледот од страна лекарската екипа од Брза помош, со која се пресретнале на патот каде можело нивното возило да се движи, е констатирано дека планинарот кој добил инфаркт веќе бил починат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот