Ципрас го обвини Мицотакис дека е виновен за прислушувањата

EPA-EFE/ALEXANDROS VLACHOS

Господинот Мицотакис, наместо да се преправа дека е огорчен, треба да дојде во Парламентот и да даде одговори, а господинот Мицотакис се крие, истакна лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во интервјуто за грчката телевизија „Стар”, говорејќи за случајот со прислушувањата и додаде дека „виновните се кријат, не невините”, јави дописничката на МИА од Атина.

Посочи дека Мицотакис, „веќе четири месеци откако изби скандалот, се повикува на доверливоста на информациите и крие клучни сведоци”, но и дека постојат индикации и коинциденции, кои кога постојано се повторуват „завршуваат како доказ за вина и не се само коинциденции”.

На прашањето дали додека тој беше премиер бил користен софтверот Предатор, рече дека нема информации, но не ја исклучува таа веројатност.

-Сега имаме нешто друго. Овде немаме работење на нелегален софтвер од приватно лице, како што можеби беше случај во минатото, туку имаме работење на нелегалниот софтвер во соработка со центар кој имаше поврзаност со Националната разузнавачка служба и премиерската палата, каде што политички шеф на овој центар беше самиот премиер, истакна лидерот на СИРИЗА.

Ципрас се осврна и на пратеничкото прашање упатено до грчкиот премиер по објавениот текст во весникот „Документо” со листата со 33 лица кои биле следени со софтверот Предатор и прашува дали паралелно биле прислушувани и од Националната разузнавачка служба, но истакна дека Мицотакис одбива да одговори во Парламентот.

-Се појавува оваа листа. Во ред. Оваа листа мора, или да се демантира со податоци или да се разјасни. Односно, ако оваа листа е лажна, тој што ја објави да ги сноси законските одговорности или ако оваа листа е вистинита, тогаш мора да се дадат одговори, рече Ципрас.

Повтори дека има поставено четири услови „за враќање на довербата во политичката клима”, односно предлага да се прекине работата на Предатор и да се забрани неговата продажба и набавка, земјата да оди на избори со општо прифатен дирекор на Националната служба за разузнавање (ЕИП) и со друг обвинител задолжен за ЕИП.

-Овие моменти се критични за демократијата и кредибилитетот на политичкиот систем.И ова, треба сите да го сфатат, порача Ципрас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот