Чулев со службено возило на средба со граѓани во Долно Лисиче

Законските прописи за избори и за спречување корупција и судир на интереси забрануваат користење на државни ресурси за време на кампањата.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев вечерва, во екот на изборната кампања во земјава, бил на средба со граѓани во Долно Лисиче, Скопје, како што потврдија и од неговиот кабинет.

На фотографиите од настанот може да се забележат симболи на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти тврдењата дека Чулев присуствувал таму како министер и дека собирот не е во рамки на предизборната кампања, пишува „360.мк“.

Чулев, според сајтот, бил на средбата со службено возило, а бил придружуван од најмалку уште едно возило на МВР. Службените возила може да се забележат и на една од фотографиите од настанот. Спорд информациите, станува збор за „шкода супер“ и за „ауди 6“.

Законските прописи за избори и за спречување корупција и судир на интереси забрануваат користење на државни ресурси за време на кампањата.

Фото: 360.мк

Од кабинетот на Чулев не негираат дека тој отишол на средбата во Долно Лисиче со службено возило, ама посочуваат дека бил таму како министер за внатрешни работи, а не како политичар, ниту, пак, во функција на изборната кампања. Нему како министер за внатрешни работи, како што велат од неговиот кабинет, му следува службено возило и 24-часовно обезбедување.

-Министерот Чулев не е ниту политичар, ниту кандидат на изборите, ниту учесник во кампањата. Тој беше службено на средба со граѓани, како министер за внатрешни работи“, велат од ксабинетот на Чулев.

Сепак, на фотографиите од настанот на кој присуствувал Чулев – единствениот член на техничката влада од редовите на опозицијата, може да се забележат симболи на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти тврдењата дека министерот бил таму службено.

И граѓаните во лов на министри кои се возат во службени возила на митинзи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот