Чулев ги посети полициските пунктови кај Маврово и Бошков Мост (ФОТО)

Министерот Чулев денес ги посети полициските пунктови кај Маврово и Бошков мост и оствари средба со полициските службеници кои се распоредени таму.

-Тука сум за да изразам поддршка на полициските службеници кои се дел од Одделот за специјални полициски операции и несебично помагаат на граѓаните во справување со последиците од Корона вирусот- рече Чулев.

Министерот Чулев се заблагодари на колегите од Дирекцијата за заштита и спасување и ги повика граѓаните да останат во своите домови и да ги почитуваат одлуките на Владата за справување со Корона вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот