„Човекојадецот од Чампаран“: Во Индија убиен тигар кој изел шест луѓе

Тигар/ Фото EPA-EFE/M.A.PUSHPA KUMARA

Индиската полиција застрела тигар со прекар „Човекојадецот од Чампаран“, откако животното претходно уби најмалку девет лица, во голема операција во која беа вклучени 200 луѓе, соопштија индиските власти.

Големата мачка ги тероризираше жителите околу местото Валмики во регионот Чампаран, источна Индија, убивајќи најмалку шест лица во изминатиот месец, меѓу кои една жена и нејзиниот осумгодишен син во саботата.

Дури и пред овие две последни смртни случаи, властите го означија тигарот – за кој се верува дека е мажјак од три или четири години – „човекојадец“, што значи дека може да биде убиен.

Претходните обиди да се неутрализира животното беа неуспешни.

„Два тима влегоа во шумата во саботата попладне на два слона, а третиот чекаше таму каде што мислевме дека ќе излезе тигарот, па пукавме кон него за да го убиеме“, рече началникот на локалната полиција, Киран Кумар за АФП.

Конзерваторите го обвинуваат брзото ширење на човечките населби околу шумите и главните патишта на дивиот свет – како што се слоновите и тигрите – како причина за зголемени конфликти меѓу луѓето и животните во некои делови на Индија.

Речиси 225 луѓе ги загубија животите во напади на тигри меѓу 2014 и 2019 година во Индија, велат владините податоци.

Индија е дом на околу 70 отсто од тигрите во светот, со 2.967 од големите мачки во земјата во 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот