Четворица рудари загинаа во рудник во Полска

Полска полиција/ Фото EPA-EFE/WOJTEK JARGILO

Четворица рудари загинале во рудникот Собиески во Јаворжно, јужна Полска, објави денеска портпаролката на државната агенција за рударство WUG.

Несреќата во рудникот за јаглен се случила во 15:30 часот по локално време кога пукнала цевка, јавуваат полските медиуми. Повредени се уште две лица.

„Додека цевката се полнела со вода, таа неконтролирано пукнала, при што три лица загинале на лице место“, изјави за новинската агенција ПАП, Пјотр Стрзода од WUG. Четвртото лице починало во 17:10 часот, додаде тој.

Рудникот Собиески е во сопственост на полската државна енергетска компанија Таурон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот