Чешкиот претседателски кандидат Андреј Бабиш добил заканувачко писмо, со куршум и навредливи пораки

Чешкиот премиер Андреј Бабиш/ Фото EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Претседателскиот кандидат и лидер на најсилната чешка опозициска партија АНО Андреј Бабиш денеска на вонредна прес-конференција соопшти дека на 19 јануари добил писмо во кое имало куршум и закани упатени до неговата сопруга Моника.

„Телохранителите ми предадоа писмо кое беше наменето за мојата сопруга Моника. Во пликот имаше куршум и анонимна порака полна со навреди“, рече Бабиш.

Бабиш се заблагодарил на полицијата за брзата реакција и додал дека е покрената истрага за овие закани, пренесува порталот iDNES.cz.

Претседателскиот кандидат и пензиониран генерал на НАТО Петр Павел, кој ќе се бори со Бабиш за гласови во вториот круг од претседателските избори во Чешка на 27 и 28 јануари, го осуди инцидентот, но не ја пропушти можноста да го критикува својот противник.

Го осудувам говорот на омраза и заканите упатени до Андреј Бабиш“, напиша Павел на Твитер и додаде дека атмосферата е тензична пред се поради „анти-кампањата предводена од Бабиш“.

Павел го повика Бабиш „да ги симне билбордите кои им се закануваат на луѓето со војна“ и да започне „цивилизирана кампања“.

Веднаш по објавувањето на резултатите од првиот круг од претседателските избори, одржан на 13 и 14 јануари, Бабиш го спореди Павел, кој постигна блага предност, со претседателот на Русија, Владимир Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот