
Чешка ја декласираше Малта пред контролниот дуел против Македонија
Во пријателски натпревар фудбалската репрезентација на Чешка со 7:1 убедливо ја совлада Малта.
Препорачано
По првото полувреме водеа Чесите со головите на Барак од пенал во шестата минута и Хитил во 44 минута.
Јурасек на стартот од вториот дел (48`) се погрижи за 3:0, а во 57 минута Хитил го запиша и вториот погодок на мечот.
Мбонг во 59 минута го постигна единствениот гол за Малта, а Лингр во 71 минута стрелаше за 5:1.
Јурасек по втор пат се запиша во листата на стрелците во 85 минута, а четири минути подоцна конечниот епилог го постави Черни.
Чешка се подготвува за настапот на Европското првенство (14 јуни – 14 јули) каде е во група со Турција, Грузија и Португалија.
Последниот тест пред учеството на ЕП избраниците на селекторот Иван Хашек ќе го имаат на 10 јуни во Храдец Кралове од 18.00 часот против Македонија.
Зајков пред Чешка: Да влеземе со повеќе самодоверба и се обидеме да дојдеме до поволен резултат
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
37мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5