Челси сака тренери кои порано ги бркаше од тимот

EPA-EFE/NIGEL RODDIS

Челси веќе ја започна потрагата по новиот тренер откако му дозволи на Маурицио Сари да замине и да стане нов тренер на Јувентус.
Според медиумите во Англија, засега едно е сигурно, Френк Лампард нема да биде тренер на Челси, бидејќи дел од највлијателните луѓе во управата се залагаат наследникот на Сари да биде искусен тренер кој веќе освојувал трофеи.

Помеѓу имињата на можни наследници на Сари, покрај тие на Масимилијано Алегри, Нуњо Еспирито Санто и Хави Гарсија, се наоѓаат и двајца поранешни тренери на Челси.

Изненадувачки, добар дел од управата бара доколку не успеат да се договорат со Алегри, тогаш довербата да му биде укажана на Жозе Мурињо, кој е најтрофејниот тренер во историјата на Челси.

Мурињо во двата мандати колку што ја водеше екипата, на 320 натпревари оствари 204 победи и имаше само 51 пораз и е тренерот до најдобар процент на победи и порази во историјата на „сините“. Покрај тоа, Португалецот освои три титули во Премиер лигата, три Лига Купа и еднаш триумфира во ФА Купот. Покрај Челси, името на Мурињо се споремува и како нов тренер на Њукасл кој треба да добие нов сопственик, шеикот од Обединетите Арапски Емирати, Халид бин Зајед ал Нехајан.

Второто име кое се споремува како можен наследник на Сари, а е поранешен тренер на екипата е Рафаел Бенитез. Шпанецот го предвидеше Челси во сезоната 2012-13 и триумфира во Лигата на Европа но не ги доби симпатиите  на навивачите кои не го сакаа Бенитез поради дефанзивниот стил на игра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот