Ченинг Тејтум / Фото: Profimedia

ВИДЕО | Ченинг Тејтум за периодот кога беше стриптизер: „Тоа не е добар свет, изгледаше како кловновска претстава“

За време на гостувањето во емисијата на Дру Баримор на 9 октомври, актерот Ченинг Тејтум се присети на деновите кога работел како стриптизер во Флорида и отворено зборуваше за тоа искуство, пишува „Пипл“.

„Тоа е сосема поинаков свет. Не е најдобриот свет“, изјави тој, објаснувајќи дека светот на стриптизот е „многу мизогин“ и дека на моменти изгледал „како кловновска претстава“.

Тејтум, кој денес има 45 години и е познат по улогите во филмската трилогија „Магичен Мајк“ (Magic Mike), призна дека приказната во тие филмови е делумно инспирирана од неговото сопствено минато.

„Навистина настапував како стриптизер во Флорида. Тоа време беше… нешто сосема друго. Скоро како да ги засрамуваш жените на сцената, и токму затоа сакав да создадам нешто сосема спротивно“, рече актерот.

Тој објасни дека токму таа идеја го инспирирала да го создаде шоуто „Магичен Мајк во живо“ (Magic Mike Live), со постојана резиденција во Лас Вегас.

„Сакав да направам нешто спротивно од тоа, нешто што ќе им даде моќ и радост на жените, а не само да ги става мажите во центарот“, вели тој.

Дру Баримор, која била дел од едно издание на шоуто во Лас Вегас, го опиша своето искуство како „ослободувачко“ и „позитивно за жените“. Таа пушти снимка од својот настап, каде што се спушта од таванот на коњ и танцува пред публиката, коментирајќи: „Се чувствував видено, женствено и поддржано. Толку е секси, но воопшто не е сексистички“.

Баримор потоа го праша Тејтум како успева „да биде толку добар човек и притоа толку привлечен“, нарекувајќи го „целосен пакет“. Тој, пак, скромно одговори: „Не би рекол баш така. Сигурен сум дека има поранешни кои не би се согласиле“.

Неговата колешка Кирстен Данст, која заедно со него ја промовира новата комедија „Покривџија“ (Roofman), го пофали: „Тој е навистина добар човек, искрен и природен. Кај него нема фасада – тоа што го гледате, тоа е тој“.

Во претходни интервјуа Тејтум открил дека не му недостасува таа работа.

„Во Тампа настапував за најмногу 25 жени. Не беше гламурозно, воопшто. Ништо од тоа не ми недостига. ‘Магичен Мајк’ во живо не е стриптиз, тоа е шоу“, изјави тој уште во 2017 година.

Целта на шоуто, како што вели, отсекогаш била јасна: „Сакавме да направиме нешто навистина за жените – да ги славиме нив, не мажите на сцената“.

Филмот „Покривџија“, во кој Тејтум повторно игра главна улога, ќе ја има својата премиера во киносалите на 10 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот