Фото: Pexels / Marta Branco

Чајот со еден популарен зачин е одличен борец против настинки

Куркумата има многу позитивни ефекти врз организмот, па сè повеќе експерти препорачуваат негова редовна употреба.

Меѓу другото, го зајакнува имунолошкиот систем и ја ублажува главоболката, болките во грлото, болките во грбот, менструалните грчеви и многу други тегоби. Исто така, делува како природен антивоспалително средство, го поттикнува губењето на вишокот маснотии од телото и го спречува почетокот на Алцхајмерова болест.

И имајќи на ум дека сезоната на вируси е во тек, сега е вистинското време да го зајакнете вашиот имунитет со вклучување на чај од куркума во вашите секојдневни ритуали. Не само што овој топол пијалак благотворно делува на вашето тело и ќе ве заштити од настинки, туку и неговиот ароматичен, освежителен вкус секако ќе ве задоволи на студените зимски температури, пренесува „Активни.си“.

За чај од куркума ви требаат:

– 4 чаши вода
– 1 лажичка мелена куркума
– исцеден сок од 1 лимон
– 1 лажичка свеж, рендан ѓумбир

Подготовка:

Истурете вода во тенџерето и варете. Кога ќе зоврие додадете ја куркумата и сè заедно варете 15-20 минути. Потоа измешајте го сокот од лимон и свежиот ѓумбир во сварениот чај и послужете го уште топол.

По желба чајот можете да го засладите со мед или дополнително да го зачините по вкус со цимет или некој друг зачин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот