Цената на уставните измени ќе биде повисока по изборите, тврди Маричиќ

Устав на РС Македонија / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Сме разговарале повеќе пати дека цената на уставните измени ќе биде повисока по изборите. Подобро беше до сега да ги направиме уставните измени, без други дополнителни прашања,  рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека сега се отвораат и прашањата за избор на претседателот во Собранието, кое е отворено од повеќе партии, како и прашањето за 20 отсто и албанскиот јазик.

-Наредниот пат, кога и да се отвора Уставот, многу прашања ќе се отворат. Затоа сакавме тоа да се случи сега, бидејќи бевме ограничени на едно прашање. Сега, по изборите легитимно е секоја партија, па можеби и СДСМ, да има идеи како да се подобри Уставот – рече Маричиќ.

Вицепремиерот смета дека Стево Пендаровски е кандидатот со најдобри шанси да победи и да ја носи државата во правец на европските интеграции.

-Во овој момент е одговорно да биде избран претседател за да имаме една стабилна институција која ќе го гарантира патот на државата во вистински правец. Би било одговорно во вториот круг да се поддржи оној кандидат кој има најдобри шанси да победи и да ја носи државата во правецот на европските интеграции, а тоа е Стево Пендаровски – рече Маричиќ.

Тој додаде дека на денот на вториот круг од претседателските избори и на денот на парламентарните избори, на 8 мај, ќе се сретнат интересите на сите проевропски сили и партии, а тоа е по тој ден да има претседател избран од проевропските сили и мнозинство за влада што ќе го продолжи патот по таа насока.

-Антиевропската идеја е губитничка и не внесува во тунел од кој нема да излеземе уште 15 години. Илузиите на ВМРО-ДПМНЕ дека можеме со еднострани наши одлуки да ревидираме нешто што цел свет го верификувал нема да донесе ништо плус. Затоа сум сигурен дека и на овие избори, коалицијата предводена од СДСМ ќе има успех и ќе биде столб на следната влада – рече Маричиќ.

 

Вицепремиерот додаде дека СДСМ има јасен план и намера како да се донесе Македонија до членство во ЕУ до 2030 година.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ немаат ниту намера ниту план за влез на Македонија во ЕУ.

-Скапо сме ги плаќале заблудите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните тврдења дека постои шанса да се испреговара подобар дил. И со Грција чекавме подобар дил, кој не дојде на маса и десет години подоцна го решивме проблемот под полоши услови. Тие немаат ниту јасна намера за решавање, ниту план – рече Маричиќ

 

Тој додаде дека планот на ВМРО-ДПМНЕ бил Бугарија да спроведе три пресуди од Европскиот суд за човекови права, Европскиот совет да ни го гарантира македонскиот идентитет, а и сега македонскиот јазик е гарантиран во преговарачката рамка, а имаме и потврда од германскот Бундестаг и сите за идентитетот.

 

-Тоа е несериозен пристап од ВМРО-ДПМНЕ. Јас сум сигурен дека тие се спремни да влезат во повторни преговори кои ќе траат уште 15 години – рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека за тој период, Албанија и Црна Гора ќе станат членки на ЕУ, а земјава ќе остане на маргините.

-Антиевропската идеја е губитничка и не внесува во тунел од кој нема да излеземе уште 15 години. Илузиите на ВМРО-ДПМНЕ дека можеме со еднострани наши одлуки да ревидираме нешто што цел свет го верификувал нема да донесе ништо плус. Затоа сум сигурен дека и на овие избори, коалицијата предводена од СДСМ ќе има успех и ќе биде столб на следната влада- рече Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот