Ќе прсне ли наскоро вода од фонтаната на градски плоштад?

Конечно се тргна искинатата церада од фонтаната „Воин на коњ“ и започнаа подготовките за нејзино пуштање во функција. Кога тоа ќе се случи, засега е неизвесно, затоа што на тоа прашање не одговараат ниту од Град Скопје, ниту од ЈП „Водовод и канализација“, претпријатието надлежно за одржување на фонтаните. Минатата година фонтаната накратко беше пуштена …

Ќе прсне ли наскоро вода од фонтаната на градски плоштад? Read More »

Скопјани најдобро е да одат пешки – автобусите се нередовни, а ретко кој таксист вози во сообраќајниот шпиц

Во услови кога јавниот автобуски превоз не функционира според потребите на граѓаните, односно на некои линии возилата се нередовни, па се чека и половина час, граѓаните што како алтернатива ги користат услугите на таксистите се жалат дека во Скопје тешко се наоѓа такси и вистинска среќа е диспечерот да ви соопшти дека има слободно возило. …

Скопјани најдобро е да одат пешки – автобусите се нередовни, а ретко кој таксист вози во сообраќајниот шпиц Read More »

Без струја неколку скопски општини

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Петровец, Ѓорче Петров и Сарај, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 08:30 до 14:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од селото Кожле, Тунел Катланово и селото Бадар во Општина Петровец. Во периодот од 09:00 …

Без струја неколку скопски општини Read More »

Граѓаните чекаат автобус на оштетени постојки, некаде и без стреи и клупи

Во каква состојба се автобуските постојки низ градот, сведоци се граѓаните што секојдневно користат јавен градски превоз. Дел од нив се со ишарани и измачкани стакла, некои немаат натстрешници, некои клупи, а на повеќето се искршени и кантите за ѓубре. Некаде нема електронски информативни табли преку кои граѓаните се информираат за пристигнувањето на автобусите, а …

Граѓаните чекаат автобус на оштетени постојки, некаде и без стреи и клупи Read More »

Центарци в сабота во Дебар Маало ќе го одбележат роденденот на Горан Стефановски

Општина Центар в сабота со повеќе активности ќе го прослави денот на раѓањето на најпознатиот „центарец“ Горан Стефановски. Настанот ќе се одржи пред неговиот мурал во Дебар Маало, кој, како што информира градоначалникот Горан Герасимовски, е надополнет со најпознатиот рефрен на песната Скопје од „Леб и сол“ – „Насмевни се, не бери гајле, намигни ми, …

Центарци в сабота во Дебар Маало ќе го одбележат роденденот на Горан Стефановски Read More »

„Градски паркинг“ од 10.163 паркинг-места лани инкасирал повеќе од 3,5 милиони евра

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ и годинава продолжува да се „шири“ низ Скопје, односно да го регулира паркирањето на сѐ повеќе јавни површини низ општините. Според Инвестиционата програма за 2024 година, која иако е крај на април, сѐ уште не е усвоена од градските советници, а која претпријатието на терен веќе ја реализира, паркирањето ќе се …

„Градски паркинг“ од 10.163 паркинг-места лани инкасирал повеќе од 3,5 милиони евра Read More »

Кантата за ѓубре за украс ли служи?

Колку малку се грижиме за околината во која живееме или за јавните површини каде што секојдневно се движиме, покажува и денешната фотографија од центарот на Скопје. Во близина на автобуската станица кај Порта Буњаковец покрај булеварот Партизански Одреди по тротоарот исфрлените празни лименки, хартии, пакувања од брза храна сведочеа дека претходната ноќ, токму тука имало …

Кантата за ѓубре за украс ли служи? Read More »

Бесплатно паркирање во зоните на „Градски паркинг“ и на паркинзите на ПОЦ

На зонските и дел од јавните паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ и на сите паркиралишта во надлежност на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ денеска паркирањето ќе биде бесплатно. Следејќи ја одлуката на Владата на РСМ за прогласување на 24 април, 2024 год. за неработен ден поради непречено одржување на политичките избори за избор …

Бесплатно паркирање во зоните на „Градски паркинг“ и на паркинзите на ПОЦ Read More »

Автобусите денес ќе возат како во недела

Јавниот превоз денеска ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Мостот „Беласица“ успешно го помина „тестот“, за неколку дена ќе биде целосно во сообраќај

Се одбројуваат деновите кога мостот „Беласица“ целосно ќе се пушти во сообраќај, односно после речиси една година по него ќе се вози по сите четири ленти. Така барем велат информациите кои стигнуваат и од Град Скопје и од Институтот за сеизмички отворени градби и климатски промени, откако по втор пат беше извршено тестирање на мостот, …

Мостот „Беласица“ успешно го помина „тестот“, за неколку дена ќе биде целосно во сообраќај Read More »