Намален бројот на нови работни места во САД

Растот на вработувањето во САД во април се намалил повеќе од очекувањата а намален е и прирастот на платата на годишно ниво. Невработеноста останала речиси на исто ниво како и во март. Аналитичарите сметаат дека иако пазарот на трудот останува под притисок, рано е да се очекува Федералните резерви (Фед, американската централна банка) да започнат …

Намален бројот на нови работни места во САД Read More »

Британија и Украина започнаа преговори за „стогодишно партнерство“

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој престојува во Киев, почна преговори со украинските власти за „стогодишно партнерство“ меѓу земјите, соопшти британската амбасада во Украина. „Британскиот министер за надворешни работи ги почна преговорите со Украина за Стогодишно партнерство – сосема нов договор што ќе изгради силни врски меѓу нашите две земји низ целиот опсег …

Британија и Украина започнаа преговори за „стогодишно партнерство“ Read More »

СЗО со повик до земјите да го финализираат договорот за пандемии

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска ги повика земјите да се согласат на договор за помош во борбата против идните пандемии, бидејќи преговорите се приближуваат до крајниот рок овој месец. Новиот договор и серијата ажурирања на постоечките правила за справување со пандемии имаат за цел да ја зајакнат одбраната на …

СЗО со повик до земјите да го финализираат договорот за пандемии Read More »

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат 49 или повеќе часа неделно

Во Европската унија во 2023 година, 7,1 отсто од вработените работеле 49 или повеќе часа неделно, што спаѓа во долго работно време, покажуваат податоците објавени од Евростат. Од земјите на Европската унија најголем удел на работници со долго работно време има Грција, поточно 11,6 отсто, потоа Кипар со 10,4 отсто и Франција со 10,1 отсто. …

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат 49 или повеќе часа неделно Read More »

„Си-би-ес њуз“: Обвинителството на САД ќе покрене тужба против демократски конгресмен од Тексас

Федералното обвинителство на САД се очекува да покрене тужба против член на Претставничкиот дом Хенри Куејар, демократ од Тексас, американски службени лица потврдиле за „Си-би-ес њуз“. Сè уште не се познати деталите од тужбата и карактерот на обвинението. Куејар во изјава денеска истакна дека обвинети се тој и неговата сопруга, не дека тие се невини …

„Си-би-ес њуз“: Обвинителството на САД ќе покрене тужба против демократски конгресмен од Тексас Read More »

САД ги осудија кибер нападите во Европа, ја обвинија Русија

Американскиот Стејт департмент денеска ја осуди неодамнешната кампања на кибер напади во Европа и ја обвини Русија, како што веќе направија германската и чешката влада. „САД силно ги осудуваат злонамерните кибер активности на руските воени разузнавачки служби против Германија, Чешка, Литванија, Полска, Словачка и Шведска, се вели во соопштението на портпаролот на Стејт департментот Метју …

САД ги осудија кибер нападите во Европа, ја обвинија Русија Read More »

Ахмети: Касами да го фрли белиот пешкир во рингот, на 8 мај ќе добие класичен нокаут

Претседателот на ДУИ Али Ахмети од Боговиње истакна дека претходно го предупредил Билал Касами дека на 8 мај треба „да го фрли белиот пешкир во рингот“ за како што истакна да не добие класичен нокаут. Според него лидерите од здружените албански партии кои настапуваат под името „ВРЕДИ“ се 20 години на власт и според него …

Ахмети: Касами да го фрли белиот пешкир во рингот, на 8 мај ќе добие класичен нокаут Read More »

Зеленски: Украина се соочува со „нова фаза“ на општа руска војна

Украина се соочува со „нова фаза“ на општа руска војна, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски за време на состанокот со граничарите во регионот Хмељницки. Кирило Буданов, шефот на украинската воена разузнавачка служба (ХУР), претходно изјави дека Украина треба да очекува обновен руски напад кон крајот на пролетта или почетокот на летото, а нападот ќе се …

Зеленски: Украина се соочува со „нова фаза“ на општа руска војна Read More »

Русија: Ќе има „разорна одмазда“ доколку Украина го нападне мостот на Крим

Русија предупреди дека ќе изврши „разорувачки одмазднички напад“ доколку Украина, со поддршка на Западот, го нападне Крим или Кримскиот мост што го поврзува полуостровот на Црното Море со јужниот дел на Русија, кој Киев веќе двапати го нападна. Москва соопшти дека верува оти Украина, која неодамна од САД доби системи за наведувачки ракети со долг …

Русија: Ќе има „разорна одмазда“ доколку Украина го нападне мостот на Крим Read More »

Поради трговскиот бојкот на Турција, Израел поднесе жалба до ОЕЦД

Израелската влада поднесе жалба против Турција до Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) откако Анкара привремено ја прекина трговијата со Израел поради војната во Газа. Израелскиот министер за економија Нир Баркат во објава на Х го нарече турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган „антисемитски диктатор“ кој го прекршува меѓународното поморско право и ги нарушува глобалните …

Поради трговскиот бојкот на Турција, Израел поднесе жалба до ОЕЦД Read More »