На изборите во Србија имаше нерегуларности, се купуваа и гласови, велат меѓународните набљудувачи
На вчерашните избори во Србија имаше нерегуларности, вклучително и купување гласови, а беа забележани и сериозни проблеми во кампањата што им претходеше, како пристрасно известување во медиумите и доминација на претседателот и владејачката партија, изјавија денеска во Белград претставници на меѓународните набљудувачки мисии, јави Бета. На заедничката прес-конференција, на која ги презентираа своите наоди за …