ВО ЖИВО | Избори 2024 – вести од минута во минута

Денеска македонските државјани гласаат на парламентарните избори, како и во вториот круг на изборите за претседател на државата. Во продолжение можете да ги следите ги најновите информации од минута во минута.

До 13 часот излезноста на претседателските избори е 22,78, а на парламентарните 25,77 отсто

До 13 часот излезноста на претседателските избори е 22,78, а на парламентарните 25,77 отсто. Најголема излезеност во моментов, за Претседателските избори има во Крива Паланка, со 46.44 отсто. Најмалата излезеност за Претседателските избори е во Липково, со 3.28 отсто. -Споредбено со вториот куг од Претседателските избори во 2019 година имаме зголемување на излезеноста од 3.49 …

До 13 часот излезноста на претседателските избори е 22,78, а на парламентарните 25,77 отсто Read More »

Во Битола излезноста до 13 часот е 31,65 за претседателски и 31,92 отсто за парламентарни избори

Во Битола излезноста до 13 часот е 31,65 за претседателски и 31,92 отсто за парламентарни избори. Изборниот процес во Битола се одвива мирно и без нарушувања. Право на глас за претседателските избори во вториот круг имаат 77.419 избирачи како што беше и во првиот круг. За парламентарните избори право на глас имаат 77.578 избирачи. Гласањето …

Во Битола излезноста до 13 часот е 31,65 за претседателски и 31,92 отсто за парламентарни избори Read More »

Бајрами: Изборниот процес поминува без поголеми нарушувања, нема пријави со елемент на кривично дело

Од отворање на гласачките места, до овој момент до Основното јавно обвинителство нема пријавено инциденти или неправилности кои би имале елемент на кривично дело. Јавниот обвинител и претседател на привремената комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела против изборите и гласањето како и други изборни нерегуларности Џељаљ Бајрами на прес-конференција соопшти дека …

Бајрами: Изборниот процес поминува без поголеми нарушувања, нема пријави со елемент на кривично дело Read More »

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Стаменов: Во Македонија не се случи економскиот бум по нејзиното членство во НАТО

НАТО е политичко воена организација со 31 членка по зачленувањето на Финска и 32 откако ќе влезе Шведска. Таа како организација не само што им гарантира безбедност на своите членки, туку и претставува значаен економски фактор во светот. По членството во НАТО на земјата кандидат за прием, редовно се случува економски бум. Меѓутоа, во Македонија …

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Стаменов: Во Македонија не се случи економскиот бум по нејзиното членство во НАТО Read More »

Гласањето се одвива мирно и без проблеми, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир

Досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред во текот на гласањето, кое се одвива мирно и без проблеми, информира портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тони Ангеловски. -Од отворањето на гласачките места до 11 часот регистрирани се две пријави за поставен штанд на политичка партија во близина на гласачко место во Шуто Оризари, како …

Гласањето се одвива мирно и без проблеми, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир Read More »

Инцидент во Радуша, набљудувачи не биле пуштени во избирачките места

Рано утрово пријавен инцидент во скопското село Радуша. На овластени партиски набљудувачи не им било дозволено да влезат во избирачките места, објави Телма. На едно од лицата му биле дупнати и гумите на автомобилот при влез во селото. Инцидентот е пријавен и во ДИК и во полиција.

ОДИХР утре ќе ги соопшти заклучоците од набљудувачите на гласачките места низ земјава

Мисијата на ОДИХР за набљудување на изборите има повеќе од 300 набљудувачи на гласачки места низ државава за следење на процесот на вториот круг од Претседателските избори и на Парламентарните избори. Џилијан Стирк, која ја предводи мисијата на ОДИХР, по посета на гласачко место во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Центар, изјави дека заклучоците …

ОДИХР утре ќе ги соопшти заклучоците од набљудувачите на гласачките места низ земјава Read More »

ДИК: Излезноста до 11 часот се зголемува, во источна и централна Македонија е поголема за претседателските избори

Излезноста до 11 часот на претседателските 2080 места од вкупниот број запишани гласачи – 1096219, гласале 141087 гласачи, односно 12,87%. Најголема излезност во моментов за претседателските избори има во Пробиштип 27,85%, а најмала Липково 1,76% и во други гласачки места. -Може да се забележи дека во источна и централна Македонија многу повеќе гласачи гласале на …

ДИК: Излезноста до 11 часот се зголемува, во источна и централна Македонија е поголема за претседателските избори Read More »

Од ОБСЕ велат дека ќе се потрудат гласањето да се одвива согласно нивните стандарди

Во текот на набљудувањето ќе се трудиме да забележиме дали гласањето се одвива согласно стандардите на ОБСЕ. Им посакуваме успех на гласачите во нивните следни постигнувања, изјави денеска специјалниот координатор на ОБСЕ, Николоз Самхарадзе откако со шефот на мисијата на ПС на ОБСЕ, Карина Одебрик посетија гласачки места во ОУ „Киро Глигоров“ во населбата Капиштец …

Од ОБСЕ велат дека ќе се потрудат гласањето да се одвива согласно нивните стандарди Read More »