ВО ЖИВО | Избори 2024 – вести од минута во минута

Денеска македонските државјани гласаат на парламентарните избори, како и во вториот круг на изборите за претседател на државата. Во продолжение можете да ги следите ги најновите информации од минута во минута.

ВИДЕО | Симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ заигра пред седиштето на Левица

Симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ со знаме на партијата заигра пред штабот на Левица поттикнат од изборниот резултат на ВМРО-ДПМНЕ. По обработени 75 отсто од гласачките ливчиња ВМРО-ДПМНЕ освои 290.681 додека пак СДСМ 99.363 гласови.

ВИДЕО: ВМРО ДПМНЕ ја слави победата пред седиштето на партијата во Битола

Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Битола симпатизерите на партијата ја слават победата на изборите. Според податоците од Државната изборна комисија во Битола, на Претседателските избори на 67,94 отсто обработени гласови, кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова има 21.379 гласови, а кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски има 9.215 гласови. На скоро 92 отсто обработени податоци за Парламентарните …

ВИДЕО: ВМРО ДПМНЕ ја слави победата пред седиштето на партијата во Битола Read More »

Левица: Пасокизацијата почна, во многу места сме пред СДСМ

Со звуците на антифашистичката „Бела чао“ пред партиското седиште Левица во победничка атмосфера ги слави постигнатите резултати на парламентарните избори. Потпретседателот на партијата Реџеп Исмаил рече дека првичните резултати покажуваат дека пасокизацијата на СДСМ е нагло почната. – Ние сме втора партија во македонскиот блок. Во многу избирачки места сме пред СДСМ и очекуваме двоцифрен …

Левица: Пасокизацијата почна, во многу места сме пред СДСМ Read More »

Изборна единица 6: Мртва трка помеѓу Европски фронт и Вреди

Европски фронт и Вреди во мртва трка во шестата изборна единица. По близу 70% обработени гласачки ливчиња коалицијата предводена од Дуи има 35.246 гласови додека пак Вреди 31.837. ВО ЖИВО | Избори 2024 – вести од минута во минута

Изборна единица 1: По обработени 30% од гласачките ливчиња ВМРО-ДПМНЕ со три пати повеќе гласови од СДСМ

Во Изборна единица 1 по обработени 30% од гласачките ливчиња, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е во водство. Опозицијата има освоено 20.104 гласови, ВРЕДИ со 11.277 гласа, Европски фронт со 10.273 гласа и СДСМ и коалицијата со 6.358 гласа.

ЗНАМ: Граѓаните не дозволија државата да се соочи со институционална криза

Граѓаните на Македонија покажаа дека се државотворни и со обезбедувањето на потребниот цензус за избор на претседател не дозволија државата да се соочи со институционална криза, порача портпаролот на Движењето ЗНАМ, Никола Мемов вечерва на прес-конференција. – Движењето ЗНАМ упатува благодарност до сите граѓани на Македонија кои денеска излегоа на изборите и својот глас го …

ЗНАМ: Граѓаните не дозволија државата да се соочи со институционална криза Read More »

Адеми: Европскиот фронт има 30.000 гласови повеќе од албанската опозиција

Демократската унија за интеграција во Изборниот штаб во Мала Речица излезе со првични резултати од денешното гласање според кои Европскиот фронт пред албанската опозиција со 30.000 гласови. Шефот на изборниот штаб на ДУИ, односно Европскиот фронт, Арбер Адеми, првичните партиски податоци покажуваат дека на преброени над 50 отсто од гласовите тие имаат 30 илјади гласови …

Адеми: Европскиот фронт има 30.000 гласови повеќе од албанската опозиција Read More »

МВР: Изборите поминаа во фер, демократска и слободна атмосфера, можеби најмирните досега од безбедносен аспект

Во рамки на надлежност на МВР не се констатирани посериозни прекршувања на изборниот процес во текот на целиот ден. Се одржаа можеби најмирните, најдемократските и најфер избори кои што кога било се случиле, особено од безбедносен аспект, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на заедничка прес-конференција со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко …

МВР: Изборите поминаа во фер, демократска и слободна атмосфера, можеби најмирните досега од безбедносен аспект Read More »