Бутан: Прв смртен случај од ковид-19, почина 34-годишен маж

EPA-EFE/WU HONG

 Властите во Бутан денеска го потврдија првиот смртен случај во земјата од последици на коронавирусот, десет месеци откако е откриен првиот случај на зараза и успешно се контролира болеста.

Министерството за здравство соопшти дека починал 34-годишен маж, кој имал хронична болест.

Во ова мало кралство на Хималаите со 750.000 жители, досега се регистрирани 767 инфицирани лица со ковид-19.

Веднаш по откривањето на првиот случај во март минатата година, земјата ги затвори своите граници и воведе задолжителен карантин за секој повратник од странство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот