Буркина Фасо ѝ даде рок од еден месец на француската војска да се повлече од нејзината територија

Африканската држава Буркина Фасо/ Фото: EPA-EFE/LEGNAN KOULA

Буркина Фасо побара заминување на француските војници од нејзината територија во рок од еден месец, се наведува во писмото на властите што го објавија француски медиуми повикувајќи се на дипломатски извори.

Во тоа писмо од Министерството за надворешни работи на Буркина Фасо упатено до Париз и датирано од среда, Уагадугу „целосно го осудува и става крај на договорот” од 17 декември 2018 година во врска со статусот на француските вооружени сили кои интервенираат во таа земја.

Понатаму наведуваат дека со тој договор се наложува „отказен рок од еден месец”.

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека чека „појаснувања” од новиот шеф на хунтата на Буркина Фасо, Ибрахим Траоре.

На прес-конференција во Париз, Макрон рече дека пораката од Буркина Фасо е „збунувачка”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот