Бундесбанк: Возраста за пензионирање треба да е поврзано со очекуваниот животен век

Пензионер/ Фото: Unsplash

Германската централна банка (Бундесбанк) предлага старосната граница за пензионирање во Германија да се прилагоди на просечниот животен век.

-Поврзувањето на пензионирањето со просечниот животен век може да го стабилизира пензискиот систем на долг рок, се вели во месечниот извештај на Германската централна банка. Во него се наведува дека многу земји во Европската унија во меѓувреме го имаат приспособено моделот за пензионирање на таков механизам.

-Поврзувањето на моментот на пензионирање со просечниот животен век значително го намалува притисокот и врз нивото на пензиското осигурување и врз државниот буџет, велат во извештајот економистите на Централната банка.

Со тоа, се наведува понатаму, би се елиминирала вечната дебата за изнаоѓање на други нови модели за одредување на старосната граница за пензионирање.

Возраста за пензионирање постепено се зголемува од 2012 година и треба да се помести на 67 години до 2031 година.

Партиите од актуелната владејачка Социјалдемократско-зелено-либерална коалиција се договорија да го замрзнат износот на пензијата на 48 отсто од последната плата. Коалицијата исклучува и зголемување на старосната граница за пензионирање.

Сегашниот просечен животен век за жените во Германија е 83,4, а за мажите 78,6 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот