Бугарското МНР нема известување за Бугарки – жртви во „фабриката за бебиња“ на Крит

Профимедиа

Грчките власти до сега не далее податоци и не се обратиле до бугарската амбасада во Атина со барање за помош во случајот, изјави за БТА го соопшти бугарското Министерството за надворешни работи (МНР) откако во медиумите се прошири информацијата дека меѓу експлоатираните жени во грчката „фабрика за раѓање“ на островот Крит има и Бугарки.

-До нашето дипломатско претставништво во Атина нема пристигнато никакви барања за помош од бугарски државјани, додаваат од бугарското МНР.

Грчките медиуми објавија за постоењето на „фабрика за раѓање“ и го окрија скандалот со нелегални посвојувања, донирање јајце клетки и очигледни ин витро процедури во Центарот за ин витро оплодување во градот Ханија на островот Крит.

Меѓу десетиците жени кои криминалната група ги експлоатирала како сурогат мајки и донатори на јајце клетки, наводно имало и Бугарки.

Според соопштението на грчката полиција, организираната криминална група во која учествувале лекари и друг медицински персонал била разбиена утрото на 8 август во акција спроведена на Крит, Атина и Солун.

Инаку лекар, сопственик на единица за асистирана репродукција, ембриолог на одделението, секретарка во организацијата како и една Романка која наводно дејствувала како „посредник“ во нелегалните посвојувања по акцијата на грчката полиција добија притвор. Истовремено акушерка во одделението, биолог во одделението, работник во градска клиника и еден странец кој наводно делувал и како „посредник“ во незаконските посвојувања се пуштени на слобода со рестриктивни мерки. Осумтемина кои беа изведени пред грчките правосудни органи се соочија со пријави за формирање и здружување во криминална организација, трговија со луѓе, посредување при посвојување, незаконски посвојувања и трговијата со бебиња.

За време на нивната долгогодишна активност, се проценува дека измамиле околу 400 парови кои сакале да имаат дете, додека се чини дека нивни жртви биле близу 200 жени кои биле користени како сурогат мајки  или донатори на јајце клетки.

Во рамки на операцијата идентификувани се 30 странски жени, донатори на јајце клетки или трудници со процес на сурогат мајчинство, кои биле прегледани во присуство на психолог од грчката полиција.

Дополнително, беше откриено дека најмалку 14 куќи се користеле за сместување на сурогат мајки. Придобивката што ја добивала криминалната организација по програма за сурогат мајчинство вообичаено се движела од 70.000 до 100.000 евра, од кои 70% е нето добивка, додека во посебни случаи трошокот достигнувал и 120.000 евра.

Исто така, од операциите за трансфер на ембриони, незаконската корист надминува 120.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот