
Бугарските пратеници не избраа претседател на 51. Народно собрание
Пратениците во новoто 51. Народно собрание на Бугарија од прв пат не избраа претседател.
Препорачано
Во вториот круг, во кој беа прегласани номинациите на Андреј Цеков од ПП-ДБ и Раја Назарјан, предложена од ГЕРБ-СДС, повторно не беше избран претседавач. Двајцата кандидати во вториот круг освоија идентичен број на гласови за, по 68 гласови, а против изборот на Назарјан гласаа 121 пратеник, наспороти 86 против Цеков.
Инаку партијата „Има таков народ“ предложи да има привремен претседавач, кој би бил најстариот пратеник Силви Кирилов (ИТН).
Согласно претходната пракса на бугарскиот парламент поради ваквата ситуација кога не може да се избере собраниски спикер, највозрасниот пратеник кој ја отвори конститутивната седница на парламентот продолжува да претседава додека не се избере претседател на собранието од мнозинството пратеници, а во меѓувреме во собранието ќе се конституираат пратеничките групи и собраниските тела за да продолжи дијалогот меѓу партиите кои влегоа во собранието на седмите парламентарни избори во Бугарија.
Покрај Цеков и Назарјан, кандидати за претседател на собранието кои не поминаа на гласањето беа и Наталија Киселова, од БСП, „Преродба“ го предложи Петар Петров, а „Има таков народ“ Николета Кузманова.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
48мин
-
7час
-
8час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5