Бугарската потрошувачка кошничка е поевтина за 30 отсто од европскиот просек

супермаркет
Фото: Pexels / Kevin Malik

Потрошувачката кошничка во Бугарија е за околу 30 отсто поевтина од просекот за ЕУ. Бугарите, Полјаците и Романците купуваат најевтина храна, рече Николај Валков, претседател на Здружението за модерна трговија, во кое членуваат хипермаркетите, објави „Сегабгњус“.

Тој посочи дека една од причините зошто некои стоки чинат поевтино во други земји е тоа што таму се применува помал ДДВ за храната.

„Секогаш ќе има поединечни стоки кои во одреден момент во различни земји може да се најдат по пониски цени. Тоа не значи дека потрошувачката кошничка кај нас е поскапа“, коментира Валков.

Според него, има и други ценовни фактори – на пример, ако италијанското сирење „Грана Падано“ во Бугарија е поскапо отколку за богатите Швајцарци, тоа може да се должи на фактот што Швајцарија е во непосредна близина на земјата производител.

Експертот посочи дека инфлацијата во Бугарија е целосно споредлива со онаа во Чешка, Словачка, Романија и Полска. „Во Бугарија лани инфлацијата на храната беше 25 отсто, а во Германија 20 отсто“, истакна Валков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот