Бугарите го одбраа Делчево за посакувана дестинација за дочек на 2022 година

бугарско семејство
Бугарско семејство во посета на Делчево / Фото: МИА

Делчево и годинава е викенд дестинација за голем број бугарски државјани кои Новата година ја дочекаа во некој од рестораните каде беше организиран дочек на новата 2022 година. Меѓу нив на прошетка во градот го затекнавме и четиричлено семејство од Асеновград, соседна Бугарија, кои за МИА истакнаа дека се чести гости во малото македонско гратче.

-Мора да признаеме имавме многу убав „помин” на Новата година. Имаме прекрасна храна во блискиот ресторан каде славевме. И децата се задоволни. Бевме и до блискиот пазар, така што прекрасно е. На сите македонски граѓани им посакуваме среќни празници, истакна семејството од Асеновград.

Меѓу посетителите за празничниот Новогодишен викенд во Делчево имаше и гости од бугарскиот град Пловдив. И тие како дел од анкетата за МИА посочија  дека храната е она што најмногу ги привлекла да се одлучат дочекот на Нова година да го „резервираат” во делчевски угостителски објект.

-Многу е убаво, за храната немам зборови, а за луѓето, имаат златни срца, навистина прекрасно. За новата година посакувам сите заедбо да се собираме и да славиме како два братски народа, истакна посетител од Пловдив кој заедно со сопругата и пријатели исто така го посетија Градскиот пазар во Делчево.

Освен за дочек на Најлудата ноќ во годината, гости од соседството беа забележливи и во локалните маркети и продавници каде бугарски граѓани рекоа дека се враќаат од прослава на Нова година во Виница, а патем си купуваат поевтина храна со која ќе ја збогатат трпезата за останатите празници кои следуваат.

Ваквите примери даваат надеж дека со враќањето на бугарските туристи во Делчево, локалната економија повторно ќе заживее, со што ќе се врати добриот глас кој го „биеше” Делчево пред корона-пандемијата како примамливо туристичко место со одлична гастрономска понуда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот