Бугаринот Антон Карачанаков е нов играч на Македонија ЃП

фото: ФК Македонија Ѓорче Петров 1932

Официјално, поранешниот младински репрезентативец на Бугарија, Антон Карачанаков е новиот играч на Македонија ЃП.

Карачанаков кој претежно игра на крилниците позиции, до сега беше дел од второлигашки бугарски клуб Монтана, а претходно настапуваше и за Политехна Јаши во романската втора лига.

Воедно од клубот информираат дека на 21 јуни екипата ќе отпатува за Словенија и таму ќе ги продолжи подготовките од новата сезона каде ќе одигра четири пријателски натпревари.

На 23 јуни ќе тестираат против Марибор, три дена подоцна со Целје, на 29 јуни против Радомље и на 1 јули против Чукарички.

Иако пред 10 дена нови договори потпишаа Есмин Личина и Стефан Лазаревиќ, Македонија ЃП соопшти дека е завршена соработката со овие двајца играчи и им посака среќа во понатамошната кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот