Бугари нападнале жена во Прилеп, ги уапсиле на граница

Фото: mia.mk

Двајца бугарски државјани вчера нападнале жена во прилепско, по што биле уапсени на граничниот премин „Делчево“ кога се обиделе да излезат од Македонија, соопшти МВР

„На 01.05.2023 на Граничен премин Делчево, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Делчево ги привеле Г.С.Т.(63) и Н.К.(43), двајцата од Република Бугарија. Тие се сомничат дека претходно физички нападнале женско лице во прилепско“, се вели во полициското соопштение.

По целосното документирање на случајот, против Бугарите ќе следува соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот